Прифатена иницијативата на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство при Советот на странските инвеститори за намалување на царинските стапки за производи (компоненти) потребни за производство на технолошки напредни производи.
➢ Актуелно (27.10.2020)
👁 Прочитано: 2122



Прифатена иницијативата на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство при Советот на странските инвеститори за намалување на царинските стапки за производи (компоненти) потребни за производство на технолошки напредни производи.

Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при Советот на странски инвеститори во рамките на Стопанската комора на Македонија ја поздравува денешната одлука на Владата на РСМ за  намалување на 33 царински стапки на одделни компоненти потребни за производство на технолошки напредни производи.

По иницијатива на Асоцијацијата, поднесена на 9 октомври, се побара изедначување на царинските стапки на ниво на оние во Европската унија за одделни компоненти кои им се неопходни на компаниите за нивниот технолошки процес, започнувајќи 1 ноември во времетраење од една година.

Во услови кога усогласувањето со царинските стапки на ЕУ се јавува како обрвска на земјата во процесот на пристапување во ЕУ, автономните мерки претставуваат привремено решение што е во функција на зголемување на извозната конкурентност на индустријата во земјава, која произведува технолошки напредни производи. Тоа, секако ќе придонесе за подобрo деловното работење на сите компании од секторот но и за поголема атрактивност на земјата при привлекување нови компании со странски капитал. 

Позитивнот одговор од страна на Владата се должи на опсежните анализи и  интензивната комуникација со Асоцијацијата во изминатиот период, којашто останува доследен партнер, за изнаоѓање трајно решение за целосно и трајно усогласување на царинските стапки но и за генерално унапредување на бизнис климата за инвеститорите.

 

Служба за информирање при Комората