Со оглед на тоа дека во 2020 година јавните институции и компаниите се соочија со низа предизвици кои во значителна мера влијаеа врз процесот на спроведување на јавните набавки, Стопанската комора на Македонија на 21 октомври 2020 година за сите договорни органи (набавувачи) и економски оператори (понудувачи) го организираше „oнлајн“ семинарот на тема: „Јавните набавки во кризната 2020 година“.
Целта на семинарот беше набавувачите и понудувачите да разменат искуства од досегашната примена на Законот, детално да се разработат одредени специфики со цел успешно спроведување на постапките за набавка на квалитетни стоки и услуги, со крајна цел добивање на најдобрата вредност за вложените пари и задоволување на својте потреби, дополнително учесниците научија и како да ги воочат најчестите пропусти и грешки кои ги прават понудувачите при подготвување и поднесување на квалитетни понуди.
Предавачи на семинарот беа изготвувачите на Законот за јавни набавки, а воедно и експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки (БЈН): Марија Јованоска, раководител на сектор во БЈН и Горан Давидовски, помошник раководител на сектор во БЈН.