Хотелот „Молика“ и Ски-центарот „Копанки“ се подготвуваат за зимската сезона
➢ Актуелно (15.10.2020)
👁 Прочитано: 2533



Хотелот „Молика“ и Ски-центарот „Копанки“ се подготвуваат за зимската сезона

Работна посета на хотелот Молика и Ски-центарот Копанки беше реализирана во текот на викендот од страна на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и претставници на РЕК - Битола, Елемтурс и на фирмата-ќерка на ЕСМ, ФОД“ - Битола. Целта на посетата беше запознавање на раководството на компанијата со состојбата на хотелскиот комплекс по завршувањето на летната сезона, во текот на која се искористија значаен број државни ваучери за туризам од страна на граѓаните. На средбата беше разговарано и за извршените подготовки за успешна реализација на претстојната зимска сезона, како во инфраструктурата на хотелот, така и во ски-центарот. Нотирани беа активностите кои се уште треба да се спроведат, за што на располагање се ставаат внатрешните ресурси на компанијата, односно соработката меѓу сестринските фирми на АД ЕСМ и давање меѓусебни услуги согласно нивните специфики на работа.

Служба за информирање при Комората