РЕНОВА Е БРЕНД ДОМА И ВО РЕГИОНОТ
➢ Актуелно (13.10.2020)
👁 Прочитано: 2671



РЕНОВА Е БРЕНД ДОМА И ВО РЕГИОНОТ

Ренова како една од водечките компании во секторот за производство на градежни материјали постојано инвестира во модернизација и стандардизација на своето производство во насока на проширување на својот производен асортиман во делот на завршни фасадни слоеви и со цел зголемување на својата конкурентност на странските пазари. 

Претставници од Стопанската комора на Македонија остварија работна средба со г-дин Шефки Идризи, генерален директор на Ренова на која разговараа за актуелните состојби во дејноста и потенцијалите за развој во доменот на производството на градежни материјали. Потребно е континуирано да се работи на подобрување на образовниот систем и градење на стратегија за спречување на одливот на квалификуваниот кадар со оглед дека прашањето за кадарот е приоритетно прашање за речиси сите градежни компании. Исто така, потребна е поддршка од страна на државата за извозно ориентираните компании, со цел обезбедување поголем пласман и зголемување на извозната активност. Извозниот сектор е значаен за развојот на домашната економија економија и постигнувањето повисоки стапки на одржлив економски раст,  – посочи г-дин Идризи.

Ренова постои на пазарот речиси три децении. Од мало мало услужно трговско претпријатие, прераснува во реномирана компанија која е промотор за развој на бизнисот, стопанството и техничко – технолошките развитоци на овие простори.

Првата фабрика на Ренова е изградена во Џепчиште близу до Тетово за производство на Renofix на малтери. Денес покрај покрај во нашата држава, компанијата има производствени погони и во Албанија и Косово, а присутна е и на пазарот во Црна Гора.  Сепак, покрај инвестиции во изградба на фабрики, Ренова инвестира и во развивање на свеста во нашето општество, за што има основано и фондација со истото име чија мисија е стимулирањето и поддршката на младите во нивните професии.
 

Служба за информирање при Комората