"ДМ" ГИ НАГРАДИ ВРАБОТЕНИТЕ И СО ПО 9000 ДЕНАРИ
➢ Актуелно (13.10.2020)
👁 Прочитано: 2178



"ДМ" ГИ НАГРАДИ ВРАБОТЕНИТЕ И СО ПО 9000 ДЕНАРИ

И покрај 14 редовни плати кои на своите вработени ги исплаќа во текот на годината, сите вработени во компанијата „DM DROGERIE MARKT" во Македонија на почетокот на октомври добија награда, вонреден бонус во износ од 9.000 денари.

Со овој гест компанијата изрази посебна благодарност до целиот тим, за дополнителната посветеност и придонес за време на пандемијата предизвикана од корона вирусот. На овој начин, најголемиот дрогериски ланец во Европа дополнително вложи повеќе од 2.1 милион денари за поддршка на вработените во Македонија, а слична иницијатива е спроведена и во другите земји во кои делува DM.

Корпоративната филозофија „Човекот во центар на работењето" годинава доби ново значење, безбедни услови за работа во маркетите и просториите на компанијата и здравствена заштита на вработените и за купувачите-изјавуваат од компанијата. Со исплатениот бонус менаџментот сакаше да ја искаже круцијалната важност на зачувување на работните места во месеците пред нас и уште еднаш да испрати пораката дека луѓето се најважната алка во секој деловен синџир.

Служба за информирање при Комората