ИЛИJЕВСКИ: НЕ НИ ТРЕБААТ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА КОИ ЗАТВОРААТ ИНДУСТРИИ, ТУКУ ДРЖАВНА ПОДДРШКА ДА ГО ЗАСТАНЕМЕ НА НОЗЕ СТОПАНСТВОТО И ЕКОНОМИЈАТА
➢ Актуелно (09.10.2020)
👁 Прочитано: 2781



Интервју со Васко Илиjевски, претседател на АСОМ за Фактор.мк
ИЛИJЕВСКИ: НЕ НИ ТРЕБААТ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА КОИ ЗАТВОРААТ ИНДУСТРИИ, ТУКУ ДРЖАВНА ПОДДРШКА ДА ГО ЗАСТАНЕМЕ НА НОЗЕ СТОПАНСТВОТО И ЕКОНОМИЈАТА

Претрпевме штета од затворањето на уплатно-исплатните места, но на работа ги задржавме сите вработени. Во време кога економијата се соочува со вистински предизвик поради ковид кризата, спортските обложувалници во земјава имаа значаен придонес за домашниот буџет во месеците по отворањето. Првиот човек на Асоцијацијата на спортски обложувалници Васко Илијевски во интервју за Фактор вели дека само од мај до крајот на август тие придонеле со 600 милиони денари во државниот буџет, по сите основи од работењето. Дополнително во инустријата на игри на среќа се вработени скоро 8.000 луѓе, околу 4.500 само кај приредувачите на игри на среќа во обложувалница, а целата индустрија поддржува околу 54.000 работни места. Пред кризата се предлагаше нов закон за игри на среќа со кој се предвидуваше оддалечување на објектите од воспитно образовните установи. Илијевски е категоричен дека иако ваков закон не предвидува затворање, де факто тоа ќе се случи. Вели дека како држава, најмалку ни требаат законски решенија кои затвораат стопански гранки, сега ни треба силна државна поддршка и взаемна соработка која ќе го застане на нозе стопанството и ќе помогне што побрзо и што побезболно да ја надминеме кризата и да ги минимизираме ефектите од неа.

Пандемијата која го погоди светот ги откажа и одложи спортските натпревари, па така практично и да немаше пласман за нашите играчи. Големите загуби на индустријата од Ковид кризата се рефлектираа насекаде во светот и навистина ќе биде потребно долго време да се надоместат. Во локален контекст, членките на АСОМ и покрај „ударот“ покажаа висока општествена свест и целосно разбирање за одлуката на Владата за затворање, како начин за превенција од ширење на вирусот во земјата.  Ние во ниту еден момент не вршевме притисок, напротив и како Асоцијација и како членки поединечно понудивме помош и делувавме преку општествено одговорни проекти.

Загубите од неработењето за нас се големи, но истовремено исто толку големи се и загубите во државната каса кои во нормални услови ги исплаќаме по различни основи. Пред се би сакал да потенцирам дека на 13 мај членките на АСОМ ги вратија на работните места сите свои вработени, вложија и постојано вложуваат дополнителни средства за целосно усогласување на објектите со протоколите и мерките за заштита од ширење на коронавирусот. Тие предвидуваат и значително намалување на капацитетите кои им се на располагање на посетителите, но не и намалување на бројот на работните места.

Ние направивме пресек колку сме придонеле во државниот буџет од повторното отворање на 13 мај заклучно со 31 август 2020. Станува збор за сума од повеќе од 600 милиони денари по сите основи на работењето. Посебна давачка од 20 проценти плус 3 отсто, друга посебна давачка од 4 проценти за онлајн обложување, персонален данок од игри на среќа, персонален данок од кирии, придонеси за плати, платено ДДВ кон државата, платено ДДВ кон добавувачи, аконтации од данок на добивка.

Ние сме индустрија која плаќа високи даноци, придонесува со вкупно една четвртина милијарди евра во државниот буџет. Конкретно, индустријата на игрите на среќа има високи 4 проценти удел во бруто-домашниот производ. Во републичкиот и локалните буџети во 2018 година се влеале вкупно 253 милиони евра благодарение на нашата работа. Ова се пари кои се користат директно за потребите на сите граѓани во државава.

Нашата индустрија позитивно влијае и врз развојот на други стопански гранки, преку зголемување на обемот на производство на своите добавувачи, или поконкретно  индустријата за производство на мебел, електрична опрема и уреди, компјутерска и телекомуникациска опрема, развој на софтвер, набавка и одржување на возниот парк и слично. Ова се пари кои се слеваат во други дејности и придонесуваат за стопански развој во земјата. Воедно, индустријата на игри на среќа вработува скоро 8.000 луѓе, или околу 4.500 само приредувачите на игри на среќа во обложувалница, а целата индустрија поддржува околу 54.000 работни места.

 

Целото интервју на https://faktor.mk/ilijevski-ne-ni-trebaat-zakonski-reshenija-koi-zatvoraat-industrii-tuku-silna-drzavna-poddrshka-da-go-zastaneme-na-noze-stopanstvoto-i-krevkata-ekonomija

 

 

Служба за информирање при Комората