Подобар производ преку развој и усовршување
➢ Актуелно (08.10.2020)
👁 Прочитано: 3447



Подобар производ преку развој и усовршување

„СМЕЛТ ИНГ“ ДОО работи во металопреработувачката индустрија на изработка на електрични ормари и делови од лим. Kомпанијата континуирано се развива и притоа на своите купувачи им овозможува најразлични производи и услуги. Произведуваат полиестерски и метални ормари, метални кабловски регали и други производи од метал.

Стопанската комора на Македонија како партнер во проектот за изготвување на Смарт-специјализација реализираше средба со директорот на „Смелт-инг“, Бојан Нестороски, на којашто се разговараше за предизвиците со кои се соочува фирмата  како резултат на кризата поради КОВИД-19, за тековните проблеми во дејноста, но и за потенцијалите за натамошен развој и остварување поголема конкурентност на производите на пазарот.

Компанијата работи на подобрување и развој на работните порцеси и постојано  вложува во обука на квалитен стручен кадар со цел подобрување на производите што ги нуди на пазарот.

Перо Авакумовски
советник во Стопанска комора на Македонија