Нова инвестиција во Виница за производство на заштитни маски и друга заштитна опрема
➢ Актуелно (08.10.2020)
👁 Прочитано: 1495



Нова инвестиција во Виница за производство на заштитни маски и друга заштитна опрема

„Максигард“ ДОО - Виница е нова и динамична компанија, којашто произведува заштитни маски и друга заштитна опрема, основана со цел да придонесе во заштитата на населението и вработените во институциите и стопанството од вирусни, бактериски, поленски и други загадувања и инфекции.

Имајќи ја предвид актуелната пандемија поради Ковид-19 и недостатокот на заштитни маски за населението, институциите и индустријата, „Максигард“ ДОО - Виница инвестираше во нови модерни производни линии за производство на заштитни маски, каде за почеток се отворени 8 нови работни места, а во наредниот период ќе следат уште нови вработувања.

Самите производи се со врвна заштита со CE-знак, а компанијата располага  со ISO 9001 стандард за менаџмент со квалитет, ккао и ISO 13485 стандард за производство на медицински помагала.

Заштитните маски произведени во „Максигард“ се со врвен квалитет, а разполагаат со:

- еднократни 3-слојни заштитни маски за лице (за возрасни и за деца);

- висок степен на заштита - филтрација (BFE и PFE >95%);

- еластични ластици за прицврстување (има и варијанта со врзување);

- комфорен дизајн со приспособлив адаптер за носот;

- лесни и пријатни за носење и дишење;

- хигиенско и практично пакување по 5/1 и 10/1 во целофан и 50/1 во ХК кутија;

- произведени по Европска норма EN14683;

- CE-цертифицирани.

Служба за информирање при Комората