КНАУФ Е ПРИМЕР ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ РЕАЛНИОТ СЕКТОР И НАУЧНО-ОБРАЗОВНИТЕ УСТАНОВИ
➢ Актуелно (07.10.2020)
👁 Прочитано: 2581



КНАУФ Е ПРИМЕР ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ РЕАЛНИОТ СЕКТОР И НАУЧНО-ОБРАЗОВНИТЕ УСТАНОВИ

КНАУФ остварува континуирана и интензивна соработка со научно-истражувачките и образовните институции во земјава и тоа е така од самиот почеток, речиси 26 години. Освен промоција на современите градежни техники пред идните градители, КНАУФ и факултетите соработуваат на заеднички научно-истражувачки проекти и трудови.

Со цел задоволување на потребата за квалификуван кадар во градежништвото, КНАУФ има иницирано и заедно со градежните училишта има воведено нов профил на занимање – монтер за сува градба. Во рамки на стратешките правци на компанијата е обезбедувањето на техничка и финансиска поддршка на овие училишта. Ова занимање постои веќе 15 години и досега занаетот го имаат изучено околу 1000 монтери – посочи г-дин Велимир Петровски, менаџер за продажба на КНАУФ ДООЕЛ Скопје и член на Управниот одбор на Здружението на градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите на работната средба со претставници на Стопанската комора на Македонија.

Во текот на годините за КНАУФ беше евидентно подигнувањето на квалитетот на изведбите, со оглед дека сите чинители во градежничкиот процес беа се повеќе едуцирани и информирани за добрите пракси од светот. Достапноста на информациите не била никогаш полесна и тоа секако придонесува за подигнување на квалитетот и свесноста за барањата на модерното градежништво во развиените земји. Ние посебно сме горди на сите информации што ги генерираме локално на сите можни комуникациски канали со цел достапност до што повеќе технички информации, инструкции, референци од земјава и светот, видео материјали и слично. Сепак мислиме дека институциите на државата можат дополнително да помогнат во понатамошното подигнување на нивото преку подобрување на стандардите и прописите од областа на градежништвото. Имаме многу простор за нови попрецизни подзаконски акти со кои се регулира материја од областа на градежниот сектор каде најчесто се случуваат импровизации и грешки – беше посочено на средбата.

КНАУФ е присутен на сите континенти на светот. Во компанијата работат 35.000 вработени кои успешната приказна за семеен бизнис од Германија ја пренесуваат во сите земји каде се продаваат и произведуваат материјалите и системите на КНАУФ. Во нашата држава тоа е една успешна приказна – странска инвестиција која со годините стана поим за иноватнивна компанија каде обучени и мотивирани вработени произведуваат и советуваат за вградување на врвни градежни материјали и системи со цел општо подигнување на стандардите не само во градежништвото, туку и во деловното работење воошто. 
 

м-р Нена Николовска
соработник во Стопанска комора на Македонија