Иновативноста и употребата на софистицирани технологии, неопходни за конкурентни производи
➢ Актуелно (07.10.2020)
👁 Прочитано: 2838




Иновативноста и употребата на софистицирани технологии,  неопходни за конкурентни производи

„Камел Солар“ е компанија која произведува високо квалитетни сончеви колектори, користејќи единствена, оригинална и современа „state of the art“ технологија. Во производната програма „Камел Солар“ нуди повеќе типови на колектори, и тоа вакуумски и плочести колектори во стандардно производство, како и иновативните фасадни и прозорски колектори и потполно нов производ на пазарот, плочести колектори со регистер од инокс, наменети за загревање на вода во базени.

Стопанската комора на Македонија како патнер во проектот за изготвување на Смарт-специјализација реализира средба со директорот на „Камел Солар“, Илија Насов, со кого разговаравме за предизвиците со кои се соочува нивната фирма  како резултат на КОВИД-19 кризата, за тековните проблеми во дејноста, но и за потенцијалите за натамошен развој и остварување поголема конкурентност на производите на пазарот.

„Камел Солар“ е целосно постеветен кон технолошкиот развој, иновативноста и употребата на највисока технологија во секој дел од производството и услугите.

Иновативнатаста и оригиналната технологија што ја поседува „Камел Солар“, уникатните апсорбери кои се користат во колекторите ги прави истите најконкурентни на пазарот, со 10-годишна гаранција на колекторите и „SolarKeyMark“ сертификацијата направена по светски стандарди.

Перо Авакумовски
советник во Стопанска комора на Северна Македонија