Мали хидроцентрали - лидер во производството електрична енергија од обновливи извори
➢ Актуелно (05.10.2020)
👁 Прочитано: 5268




Мали хидроцентрали - лидер во производството  електрична енергија од обновливи извори

„МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ“ (МХЦ) е национален лидер во производството на чиста електрична енергија од 25 мали хидроцентрали. Фирмата е  100% посветена на обновливата енергија и заштитата на животната средина.

Стопанската комора на Македонија како патнер во проектот за изготвување на Смарт-специјализација реализира средба со директорот на „Мали хидроцентрали“,  Тодор Анѓушев, со кого  разговаравме за предизвиците со кои се соочува нивната фирма  како резултат на КОВИД-19 кризата, за тековните проблеми во дејноста, но и за потенцијалите за натамошен развој и остварување поголема конкурентност на производите на пазарот.

Компанијата и во услови на криза инвестира во проекти од обновливи извори на енергија и прави напори малите хидроелектрани да бидат извозен производ, каде ќе се вградуваат турбини кои се од македонско производство, а странските купувачи  ќе добијат производ по принципот „клуч на рака“.

Стручниот кадар во фирмата континуирано го надградува своето знаење во областа, преку разни работилници, обуки, како и посета на саеми.

Перо Авакумовски
советник во Стопанска комора на Северна Македонија