НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 01.10.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (01.10.2020)
👁 Прочитано: 643


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 01.10.
01.10.331 п.н.е. Александар Македонски го победил Дариј III во Битката кај Гавгамела.
01.10.1644 година, роден е Алесандро Страдела, италијански композитор.
01.10.1827 година, Руската армија под водство на Иван Паскевич го освојува Ереван, завршувајќи го милениумот на муслиманска доминација во Ерменија.
01.10.1869 година, Австрија ги издава првите разгледници во светот.
01.10.1880 година, првата фабрика за електрични светилки е отворена од Томас Едисон.
01.10.1891 година, во САД, Калифорнија, се отвора Стенфорскиот универзитет.
01.10. 1904 година, роден е Владимир Хоровиц, американски пијанист и композитор.
01.10.1908 година, Форд го претставува „Модел Т“, првиот автомобил кој се произведувал на лента. Со цена од 825 долари, продадени се над 15 милиони возила во текот на 19-годишното производство.
01.10.1946 година, роден е Александар Кујунџиски, македонски писател.
01.10.1981 година, роден е Жулио Баптиста, бразилски фудбалер.
01.10.1989 година, во Данска е озаконет истополовиот брак. Според данскиот закон, се вика „регистрирано партнерство“.
Служба за информирање при Комората