Донација на заштитни маски и скафандери за Здравствен дом – Струмица од Еуромакс Ресоурцес
➢ Актуелно (30.09.2020)
👁 Прочитано: 1727



Донација на заштитни маски и скафандери за Здравствен дом – Струмица од Еуромакс Ресоурцес

Компанијата „Еуромакс Ресоурцес“, концесионер на рудникот за бакар „Иловица – Штука“, денеска донираше заштитни маски и скафандери на ЈЗУ „Здравствен дом“-Струмица. Донацијата ја врачи д-р Живко Груевски, директор за комуникации и односи со јавноста во „Еуромакс Ресоурцес“.

“Веруваме дека оваа опрема која е неопходна за секојдневното функционирање на Здравствениот центар во Струмица ќе овозможи и подобра здравствена заштита за населението. За Еуромакс Ресоурцес ова е почеток што отвора можности за понатамошни активности кои треба да придонесат за подобрување на севкупното живеење во Струмица и во околината. Како инвеститори мотивирани сме да градиме партнерски однос со локалната заедница и со взаемна поддршка да го развиваме тој однос. Дел од нашите вработени живеат тука, во Струмица и околината и природно е да тука ја насочиме и нашата поддршка како корпоративно одговорна компанија“, изјави Живко Груевски, директор за комуникации и односи со јавност во „Еуромакс Ресоурцес“.

Еуромакс Ресоурцес, инвеститорот на мега проектот „Рудник на можности“ опстојува на определбата Иловица - Штука да биде модерен рударски комплекс, изграден и управуван согласно највисоките европски и светски стандарди. Комплексот во првите години во изградба и подоцна ќе вработи околу 1.000 лица, од кои половина ќе бидат директно вработени во рудникот кога ќе почне со работа. Преку соработници и снабдувачи ќе се ангажираат дополнителни 2.700 лица. Досега во Проектот се инвестирани повеќе од 50 милиони евра, а за првата фаза на изградба предвидени се околу 340 милиони евра. Инвестицискиот проект е планирано да придонесе за зголемување на бруто домашниот производ за 3% на годишно ниво и да се квалификува во првите ТОП 3 извозни компании од Република Северна Македонија.

Служба за информирање при Комората