„Алкалоид” активен донатор во заштита на здравјето на учениците и студентите
➢ Актуелно (30.09.2020)
👁 Прочитано: 3159



 „Алкалоид” активен донатор во заштита на здравјето на учениците и студентите

Со донација од антисептички и дезинфекциски средства за студентските и училишните домови во Скопје,  „Алкалоид“ АД - Скопје во заштита на здравјето на учениците, студентите и вработените,  придонесува кон полесно спроведување на протоколите. Донацијата се  состои од 16.000 литри антисептички средства („MEDICAL®“ гел и „ЕCOSAL Forte® “ полиалкохолен раствор) и 17.100 литри готов раствор за чистење и дезинфекција „DEZINTAL® 0,2%“ во вкупен износ од близу 5 милиони денари.

За оваа донација благодарност до „Алкалоид“ АД - Скопје упати и министерката за образование и наука, Мила Царовска, која посочи дека компанијата покажа вистинска општествена одговорност и донираше средства за дезинфекција и за одржување на хигиената во домовите.

„Алкалоид“ АД - Скопје е долгогодишна активна членка на Стопанската комора на Македонија и нејзин премиум покровител.

Служба за информирање при Комората