Компанијата „ОКТА“ во поддршка на образовниот процес
➢ Актуелно (30.09.2020)
👁 Прочитано: 3103



Компанијата „ОКТА“  во поддршка на образовниот процес

Компанијата „ОКТА“, како социјално општествено одговорна компанија, во повеќе области континуирано реализира проекти со Општина Илинден. Во насока да помогне во непречено одвивање на наставата во основните училишта на територијата на Општина Илинден, „ОКТА“ донираше 30 лаптоп компјутери и 10.000 заштитни маски.

Иницијативата за оваа донација е насочена кон тоа основните училишта да одговорат успешно на предизвиците на новата учебна година, истакнато е во изјавата на главниот извршен директор на „ОКТА“, Вук Радовиќ. Воедно, господинот Радовиќ потенцираше дека „Образованието е од исклучителна важност за секоја држава без разлика на околностите и предизвиците со кои периодов сите се соочуваме. Затоа, дури и во оваа, нова реалност, образовниот процес мора да продолжи да се одвива непречено и на соодветен начин. „ОКТА“ како општествено одговорна компанија е силен поддржувач на едукативниот развој на младите генерации во државата. Токму оваа донација е доказ за нашите искрени заложби за поквалитетен образовен процес, а во исто време потврда за нашата поддршка на локалната заедница во која работиме веќе 42 години.”

„ОКТА“ е членка и покровител на  Стопанската комора на Македонија, активно вклучена во работата и дејствувањето на органите на Комората. 

Служба за информирање при Комората