Најиновативни компании во светот
👁 Прочитано: 590



Најиновативни компании во светот

 

Корпоративната долговечност е во пад, се проценува дека типична компанија од 60-те години, според индексот на „Standard &Poors“ траела повеќе од 60 години, а денес просечниот век на траење на овие компании е 18 години. Во денешниот свет на брзо темпо, компаниите мора да останат релевантни како би опстојале. Поради тоа, на компаниите им е се’ поважно да ставаат акцент на иновации. Од истражувањата на „Бостон Консалтинг Груп“, направен е графикон на 50 најиновативни компании во 2020 година, а компаниите се рангирани според следните четири варијабли:

1. глобална свест: број на гласови на сите иновативни директори;

2. стучна рецензија во индустријата: број на гласови од сите директори во индустријата со која компанијата се занимава;

3. нарушувања во индустријата: индекс на разновидност за мерење на гласови помеѓу индустриите;

4. создавање вредности: вкупен поврат по акции.

„Бостон Консалтинг Груп“ ги рангира најиновативните компании од 2005 година. Кога размислувате за иновативни компании, „Волмарт“ најверојатно нема да биде на врвот на листата. Меѓутоа, малопродажниот сектор дојде до 13-то место, што значи дека во однос на 2019 година компанијата напредувала за 29 места. Компанијата „Волмарт“ вложила значајни напори во својата е-трговија и повеќе каналната понуда.

На пример, компанијата во 2020 година, го покрена „NextDay Delivery“ и сега нуди достава во рок од еден ден на поголемиот дел од американската популација. Исто така, поседува дел во кинеската платформа за е-трговија JD.com, кој е зголемен од 5 на 12 %.

„Costco“ оваа година се проби на 30-то место, а компанијата е позната по ефикасна употреба на податоци. Заблагодарувајќи се на моделот „само членови“, „Costco“ успеа да собере маса на податоци за своите купувачи и не ги користи само во маркетинг цели, туку и како помош за поедноставување на процесите. „Costco“ исто така користи сензори за праќање податоци во своите складишта, како би заштедиле на поторшувачката на вода.

Уште една компанија која вреди да се спомене е „Huawei“, пишува „Visual Capitalist“, кинеска технолошка компанија која го зазема шестото место, односно напредуваше за 42 места. Овој скок е последица на значајното инвестирање од 19 милијарди американски долари во истражување и развој во 2019 година. Се чини дека овие инвестиции се исплатливи, бидејќи „Huawei“ во 2019  година продаде повеќе мобилни телефони од „Apple“.

Иако многумина ги замислуваат стартапите кога се зборува за иновации и приспособливост, големите компании не заостануваат многу кога станува збор за иновациски проекти. Во тој контекст, компаниите чија продажба на нови производи ја надминува средната вредност во индустријата се сметаат за иновативни лидери. Иако 52% од малите фирми се сметаат за иновативни лидери, 43% од големите компании и понатаму се наоѓаат во истата категорија. Бидејќи поголемите компании воопшто имаат подобар пристап кон ресурсите и работната сила, тие често се во предност кога се во прашање истражувањата и развојот и создавање програми насочени кон иновации. Вложувањето во иновации на крајот е многу исплатливо, компаниите кои инвестирале 1,4 пати повеќе во иновации имале четири пати поголема продажба на нови производи. За стартапите кои нема да бидат преземени од некоја поголема конпанија, иновацијата треба да им биде долгорочна ориентација. На листата секоја година се појавуваат само осум компании: „Apple“, „Alphabet“, „Amazon“, „Microsoft“, „Samsung“, „IBM“, „Hewlett-Packarad“  и „Toyota“. Овие компании се сериски иноватори и успеале да создадат иновациски системи кои трајно ја поттикнуваат креативноста и агилноста. Тоа е намерен и макотрпен процес, но доколку добро се изведе бенефитите можат да бидат големи.

Служба за информирање при Комората