23.09.63 п.н.е. роден е Октавијан Август, римски император и војсководец. |
 |
23.09.1846 година, германскиот астроном Јохан Готфрид Галеја ја открил планетата Нептун. |
|
23.09.1903 година, над селото Цапари, на Пелистер се водела последната востаничка битка (Пелистерска битка) во битолско, во времето на Илинденското востание. Во борбата против османлиската војска загинале 48 востаници. |
 |
23.09.1916 година, роден е Алдо Моро, италијански професор и политичар. |
 |
23.09.1928 година, роден е Томе Арсовски, македонски поет. |
 |
23.09.1930 година, роден е Реј Чарлс, американски музичар. |
 |
23.09.2011 година, пијанистот Симон Трпчески е прогласен за прв „Национален уметник на Македонија“. |
 |