ОСТВАРЕНА СРЕДБА НА РАКОВОДСТВАТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА И ГРЧКАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА
➢ Актуелно (17.09.2020)
👁 Прочитано: 1682



ОСТВАРЕНА СРЕДБА НА РАКОВОДСТВАТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА И ГРЧКАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, оствари  работна средба со Арис Влахос, претседавач со Грчката бизнис асоцијација во земјата и Георги Ланцас, член на Одборот на Асоцијацијата.

Грчката бизнис асоцијација е првата формирана асоцијација на грчки претпријатија во Северна Македонија, основана во Скопје на 26 јуни 2020 година. Целта на делувањето е да ги штити и унапредува финансиските и професионалните интереси на нејзините членки, односно најголемите грчки компании во земјата. Во таа линија, намерата е дополнително да се развиваат односите меѓу деловните заедници на Грција и Северна Македонија.

Претседателот Азески го изрази своето задоволство што ќе има можност да соработува со новооснованата Грчката бизнис асоцијација и ги нагласи силните врски меѓу Комората и претпријатијата со грчки капитал во земјата.

На средбата меѓу раководството на двете организации се дискутираше како да се подобри соработката меѓу двете земји во поглед на деловните активности и како да се прошири таа соработка и на регионално ниво. Двете страни изразија поддршка за секторски пристап во развојот на меѓусебните односи и економските активности и искажаа подготвеност да иницираат и да работат на заеднички проекти во интерес на нивните компании-членки.

Влахос и Азески заеднички заклучија на следната нивна средба да работат на конкретизирање на целите за кои има меѓусебна согласност и интерес, со јасно дефинирани активности од кои ќе се испорачаат придобивки за бизнисите во двете земји.

Служба за информирање при Комората