На саемот на книга доделени награди од страна на Македонската асоцијација на издавачи
➢ Актуелно (11.09.2020)
👁 Прочитано: 926



На саемот на книга доделени награди од страна на Македонската асоцијација на издавачи

На Саемот на книгата, Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), по четврти пат ги додели наградите за период меѓу два саема (мај 2019 – септември 2020).

По извршената селекција и разгледување од страна на Комисијата на наградите на Македонската асоцијација на издавачи, денес беа доделени по три награди во шест категории и едно специјално признание за „Промотор на читателската култура“. Прво место во категориите „Најдобра едиција“ и „Најдобро ликовно-графичко уредено издание“ се додели на „Македонски книжевни класици“ – Петре М. Андреевски („Арс ламина“).

Во категоријата „Најдобра книга за деца и млади“, прво место доби „Мочурливци“ од Барбара Симонити, со илустрации на Петар Шкерл, а во превод од словенечки на Дарко Спасов („Три“). Првото место за најдобар домашен автор оди во рацете на Петар Андоновски, „Страв од варвари“ („Или – или“).

Во категоријата „Најкреативно издание“ прво место  и награда за илустрираниот роман „Ѕведа Мрак и суштествата од Страшкоград“ од Билјана С. Црвенковска, со илустрации на Нита Муча („Чудна шума“).

Во категоријата „Поттикнување на општествена одговорност“, награда за „Карантински приказни“, Издавачки центар „Три”.

Кампањата „Читањето е супермоќ“ на „Арс ламина“ доби специјално признание за „Промотор на читателската култура“.

Прво место во категоријата „Признание за иновативност“ доби електронската апликација на Kniga.mk на Издавачкиот центар „Три“.

 

Служба за информирање при Комората