АНАЛИЗА: ОД РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ДО РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА -КАКО РАЗВОЈНИТЕ ФОНДОВИ ГО ПОДДРЖУВААТ ПРОЦЕСОТ НА РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН?
➢ Актуелно (02.09.2020)
👁 Прочитано: 2201


ДЕЛ III: НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ И НОВИ МОЖНОСТИ ПО КОРОНА-КРИЗАТА
АНАЛИЗА: ОД РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ДО РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА -КАКО РАЗВОЈНИТЕ ФОНДОВИ ГО ПОДДРЖУВААТ ПРОЦЕСОТ НА РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН?

Во текот на корона-пандемијата, првите чекори коишто се превземаа за зголемување на регионалната соработка се соочуваат со посебни предизвици. Во моментот, јавниот живот и стопанските дејности се сериозно ограничени, што ќе го снижи досегашниот позитивен развој на БДП на западен Балкан. Сепак, во иднина, кризата може исто така да се гледа како важна можност за регионот ако европската економија ги преобмисли постојните вредносни синџири и регионалната блискост и доколку соработката дополнително се зајакне.

Во април 2020 година, претседателот на Коморскиот инвестициски форум, Марко Чадеж ја изнесе идејата за воспоставување на посебен фонд за поддршка на активностите што целат кон зајакнување на регионалната соработка: „Овој фонд може значително да придонесе за зајакнувањето на процесот на регионална и европска интеграција на западниот Балкан, а исто така може да доведе до побрзо закрепнување на економиите на западен Балкан“.

Понартаму, една од намерите на проектот за Коморско партнерство за западен Балкан е да ја олесни соработката меѓу шесте стопански комори преку подготовка на заедничка платформа за дигитални потписи, којашто ќе ја направи идната трговија во регионот поефикасна. Севкупно, може да се резимира дека регионалната интеграција на западниот Балкан, односно развојот на заеднички институции и правила преку соработка, ја зголемува својата важност од почетокот на пандемијата со корона-вирусот. Економското влијание на пандемијата единствено може да се спречи со заедничка економска област, место со мали, национализирани и расцепкани пазари.

Целосната анализа можете да ја најдете на следниот линк: Економски развој во ЗБ6- Анализа на проектни активности.pdf .

м-р Сања Николова
стручен соработник во Стопанска комора на Македонија