АНАЛИЗА: ОД РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ДО РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА -КАКО РАЗВОЈНИТЕ ФОНДОВИ ГО ПОДДРЖУВААТ ПРОЦЕСОТ НА РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН?
➢ Актуелно (01.09.2020)
👁 Прочитано: 2467


ДЕЛ II: ИНВЕСТИЦИИ ВО РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА И ЕКОНОМСКИ РАСТ
АНАЛИЗА: ОД РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ДО РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА -КАКО РАЗВОЈНИТЕ ФОНДОВИ ГО ПОДДРЖУВААТ ПРОЦЕСОТ НА РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН?

Веќе е докажано дека вложувањето во прекугранични проекти има позитивен ефект врз стопанските дејности на западниот Балкан затоа што ја зголемува регионалната соработка и приближувањето до ЕУ.  Податоците од Светската банка за економскиот развој на западен Балкан укажува дека во однос на БДП, регионот доживеал бавен, но стабилен економски раст во последните неколку години. Статистичките студии го потврдуваат ова позитивно влијание на инвестициите од ЕУ и растот на БДП, а бројните анализи покажуваат дека постои статистички значаен однос меѓу БДП по глава на жител и инвестициите на ЕУ во западниот Балкан.

Во изминатиот период веќе се преземени важни чекори кон регионална интеграција: Во 2017 г., на Самитот во Трст, челниците на шесте земји од западен Балкан застанаа зад Повеќегодишниот акциски план за регионална економска област на западен Балкан (МАП РЕА), којшто има цел да ја подобри регионалната соработка на полето на дигиталната интеграција, мобилноста, трговијата и инвестициите. Сите шест земји од западниот Балкан се посветуваат на продлабочување на соработката во рамките на Централно европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) „до тоа ниво каде што стоките, услугите, инвестициите и стручните луѓе би можеле слободно да се движат во регионот без царини, квоти или други ненужни нецарински и друг вид бариери“.

Целосната анализа можете да ја најдете на следниот линк: Економски развој во ЗБ6- Анализа на проектни активности.pdf .

м-р Сања Николова
стручен соработник во Стопанска комора на Македонија