Низ изминатите години, разни иницијативи имаа цел да ги засилат и зајакнат политичките, културните, но исто така и економските врски меѓу шесте т.н. земји од Западен Балкан (ЗБ6): Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Од 2014 година наваму, Европската унија одобрила повеќе од 4,2 милијарди евра финансиска помош за ЗБ6 и 2,98 милијарди евра за повеќе државни програми. Европската унија „[...] предничи во подобрувањето на регионалната соработка и отворањето на сопствените пазари за земјите од Западен Балкан […]. Меѓународните финансиски институции, како Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Светската банка инвестирале и продолжуваат да инвестираат во големи прекугранични инфраструктурни проекти, како и во подобрувањето на трговијата и инвестициите преку други инструменти“.
Целосната анализа можете да ја најдете на следниот линк: Економски развој во ЗБ6- Анализа на проектни активности.pdf .