ЕУ ПРЕДЛАГА ИЗМЕНА НА СПОГОДБАТА ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА СО РСМ ВО НАСОКА НА ЛИБЕРАЛИЗИРАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА ПОТЕКЛО НА СТОКИТЕ
➢ Актуелно (25.08.2020)
👁 Прочитано: 3417



ЕУ ПРЕДЛАГА ИЗМЕНА НА СПОГОДБАТА ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА СО РСМ ВО НАСОКА НА ЛИБЕРАЛИЗИРАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА ПОТЕКЛО НА СТОКИТЕ

Европската комисија на 24.08.2020 година усвои пакет предлози, кој има за цел да ја зголеми трговијата меѓу Европската Унија и соседните земји од пан-евро-медитеранскиот регион. Предлозите ќе ги модернизираат трговските договори на ЕУ со 20 трговски партнери, потписници на Пан-Евро-Мед конвенцијата, со тоа што релевантните правила на потекло во тие договори ќе бидат пофлексибилни и либерализирани.

Предлозите се однесуваат на изменување и дополнување на правилата за потекло во билатералните договори на ЕУ со 20 договорни страни од пан-евро-медитеранскиот регион: Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Швајцарија, Фарски Острови, Турција, Египет, Израел, Јордан, Либан, Палестина, Грузија, Република Молдавија, Украина, Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Косово.

Овие одредби ќе го олеснат користењето на трговските преференции за различните стоки, вклучувајќи го помеѓу останатото следното:

  • Поедноставни правила специфични за производите, како што се елиминација на кумулативни барања, прагови за локална додадена вредност, поприлагодени на потребите за производство на ЕУ и нови двојни трансформации за текстил;
  • Зголемени прагови на толеранција за материјали без потекло, од 10% на 15%;
  • Воведување на „целосна“ кумулација, според која производствените операции потребни за да се добие потекло за повеќето производи може да се поделат меѓу неколку земји;
  • Можноста за враќање на давачките (отплата на царинските давачки за увезените компоненти) за повеќето производи за да им помогне на извозниците на ЕУ да се натпреваруваат.

Новите правила, кои се резултат на десетгодишни преговори, ќе се применуваат заедно со оние на Регионалната конвенција за пан-евро-медитерански преференцијални правила за потекло (ПЕМ Конвенција), која во моментот е во тек на ревидирање.

Во однос на Република Северна Македонија, предлогот за изменување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со кој се заменува Протоколот 4 на Спогодбата (кој ги уредува дефиницијата на концептот на „потеклото на производи“ и методи на административна соработка) е достапен на следниот линк.

Служба за информирање при Комората