КОМПАНИИТЕ ГО НАМАЛУВААТ БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ПОРАДИ КРИЗАТА ПРИЧИНЕТА ОД КОРОНА ВИРУСОТ
➢ Актуелно (22.08.2020)
👁 Прочитано: 4280



КОМПАНИИТЕ ГО НАМАЛУВААТ БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ПОРАДИ КРИЗАТА ПРИЧИНЕТА ОД КОРОНА ВИРУСОТ

Невработеноста во Европа поради ситуацијата со пандемијата се зголемува секојдневно. Бројот на вработени најпрво се намали во авиокомпаниите и автомобилската индустрија, што предизвика голем број вработени да ги изгубат своите работни места и во другите сектори.

Стапката на невработеност во ЕУ достигна 7,1% до јуни, според Евростат, после 12-годишното ниво од 6,4% во март.

Компании во Европа што го намалуваат бројот на работни места заради или делумно заради КОВИД-19:

Обединето Кралство

„Маркс и Спенсер“ (7.000 работни места)

Како одговор на „значителната неизвесност во врска со условите на пазарот и времетраењето на мерките за социјално растојание [КОВИД-19]“, на 18 август 2020 година„Маркс и Спенсер“ обелоденија предлози што би опфатиле 7.000 работни места. Британскиот продавач на мало изјави дека намалувањето на работните места, што ќе влијае на централното и регионалното управување, како и на персоналот на продавниците, ќе се спроведе во текот на следните три месеци. Сепак, додаде дека ќе се создадат голем број нови „онлајн“ работни места.

„Бритиш петролеум“ (10.000 работни места)

„Бритиш петролеум“планира да отпушти 10.000 работници ширум светот. Британскиот нафтен гигант „Бритиш петролеум“ објави дека планира да намали 10.000 работни места на 8 јуни, како резултат на кризата поради коронавирусот, што ја намали глобалната побарувачка за нафта. Повеќето намалувања на работните места, ќе бидат направени оваа година.

„Центрица“ (5.000 работни места)

Енергетската компанија во јуни објави „значајно реструктуирање“ на својот деловен модел „дизајнирано да создаде поедноставеност“.

Мерката за заштеда на трошоците треба да доведе до намалување на околу 5.000 вработени, од кои половината доаѓаат од менаџерските позиции. Поголемиот дел од реструктуирањето ќе се случи во втората половина на 2020 година.

„Ролс Ројс“ (9.000 работни места)

Производителот на мотори со седиште во Велика Британија изјави дека влијанието на пандемијата врз авијациската индустрија ја принудило компанијата да „донесе тешки одлуки да го води бизнисот низ овие невидени времиња“.

„Бритиш ервејс“ (до 12.000 работни места)

„Бритиш ервејс“ на крајот на април објави дека ќе намали до 12.000 работни места од својата работна сила од 42.000 лица, како резултат на катастрофалното влијание на коронавирусот врз индустријата за патувања.

  • Ирска

„Рајанер“ (околу 3.000 работни места)

Буџетската авиокомпанија „Рајанар“ соопшти дека ќе намали 15% од својата работна сила на глобално ниво - околу 3.000 работни места, по пандемиските приземјени летови.

  • Франција

„Рено“ (15.000 работни места)

Францускиот производител на автомобили „Рено“ на крајот на мај објави дека ќе затвори 15.000 работни места ширум светот, бидејќи се обидува да го искористи падот на продажбата на автомобили, кои паднаа уште повеќе заради коронавирусот.

„Ер Франс“

„Ер Франс“ соопшти дека ќе скрати 7.500 работни места од работната сила до 2022 година. Ова вклучува 6.500 намалувања на работни места од самиот „Ер Франс“, додека уште 1.000 ќе бидат изгубени во регионалната подружница Хоп.

  • Германија

„Туи“ (8000 работни места)

Англо-германската туристичка компанија„Туи“, на 13 мај објавидека ќе скрати 8.000 работни места ширум светот. Во полугодишниот финансиски извештај се вели дека пандемијата е „несомнено најголемата криза на туристичката индустрија и „Туи“ досега.’’

„Тајсенкпруп“ (3.000 работни места)

Индустрискиот конгломерат „Тајсенкпруп“, на 25 март објави дека ќе скрати 3.000 работни места во својата челична единица во Германија, како дел од „пакетот за кризи“ порадиКОВИД-19.

  • Шпанија

„Нисан“ (2.800 работни места)

Јапонскиот производител на автомобили „Нисан“,на 28 мај објави дека ќе ја затвори својата фабрика во Барселона, во која се вработени околу 2.800 луѓе.

  • Швајцарија

„Шиндлер“ (2.000 работни места)

Компанијата„Шиндлер“, која произведува ескалатори, движечки патеки и лифтови ширум светот, на 24 јули објави дека поради влијанието на КОВИД-19 и за да ја зачува својата конкурентност,на глобално ниво ќе намали 2.000 работни места.

Повеќе на: https://www.euronews.com/2020/07/24/coronavirus-job-cuts-which-companies-in-europe-are-slashing-their-workforces-because-of-co?fbclid=IwAR3ZhEvyImzMlcNlVp0FTHhqXgcAS4IQYnUgQZM-UqCvV6GPaLPfAV6THSU

 

Служба за информирање при Комората