Цената на шеќерот на пазарот на ЕУ, подолго време во пад
➢ Актуелно (13.08.2020)
👁 Прочитано: 1534



Цената на шеќерот на пазарот на ЕУ, подолго време во пад

Европската индустрија на шеќерот веќе подолго време забележува драстичен пад на цените на шеќерот со најава дека тој тренд ќе продолжи. Оваа состојба на пазарот на ЕУ отпочна уште кон крајот на 2017 година, кога се либерализираше пазарот и се дозволи увоз на шеќер произведен од шеќерна трска чие производство е значително поефтино

Во нашето соседство во Република Србија во покраината Војводина која e еден од регионите со најголем потенцијал за производство на шеќерна репка во Централна Европа, во минатото постоеле 15 рафинерии, но поголемиот дел од нив се затворени поради лошите економски услови во оваа индустрија. По периодот на транзиција во Србија останаа да функционираат само 8 рафинерии. Причината за престанок на функционирање на овие фабрики пред се била нивната оддалеченост од регионот во кој се произведува суровината, со што производството било неисплатливо.

Аналитичарите предвидиуваат дека трендот на опаѓање на цената на шеќерот ќе биде до 2030 година.

Од друга страна, европските шеќерани добиваат субвенции од државите од 400 до 600 евра по тон, а ја купуваат репата по цена од 20 до 22 евра, додека шеќерот го продаваат по 300 евра од тон.

 

 

Служба за информирање при Комората