На листата „Global 500” која ја состави магазинот „Fortune”, a која ги опфаќа 500-те најуспешни компании во светот се најдоа 133 кинески компании, вклучувајќи хонгконшки и тајвански компании, како и 121 компанија од САД.Овие 500 компании во 2019 година остварија приход од 33,3 милијарди долари и создале профит од две илјади милијарди долари.
На прво место на листата се наоѓа американската корпорација „Volmart”, втора е најголемата кинеска нафтена групација „Sinopek”. Сепак, мислењето на економските експерти е дека кинеските компании треба да ја подобрат својата профитабилност, иновативните способности и своето меѓународно влијание за да помогнат во развојот на кинеската економија.