SPACE X месечно произведува 120 „Старлинк“ интернет сателити
➢ Актуелно (12.08.2020)
👁 Прочитано: 1025



SPACE X  месечно произведува 120 „Старлинк“ интернет сателити

Компанијата SPACE X во сопственост на Елон Маск месечно произведува 120 интернет сателити со инвестиција од над 70 милиони долари за развој и производство на илјадници терминали на потрошувачи месечно. Оваа компанија има амбициозен план за изградба на  меѓусебно поврзана мрежа од околу 12.000 мали сателити за пренос на брз интернет од орбитата до кое било место во светот. Инаку, компанијата до сега во орбитата има лансирано 600 сателити, а во моментов гради систем на подземни станици и терминали на корисници, со цел потрошувачите директно да ги поврзе со својата мрежа.

Бројот на клиенти кои сакаат да ги користат интернет услугите на „Старлинк“ расте, со што компанијата ќе го зголеми бројот на овластени терминали за корисници на 5 милиони од досегашните 1 милион.

 

Служба за информирање при Комората