Туристичките убавини на земјата со ново видео на Lonely Planet
👁 Прочитано: 245



Туристичките убавини на земјата со ново видео на Lonely Planet

Промовирајќи го активниот туризам во земјата, РС Македонија достави ново видео кое се емитува на туристички информатор Lonely Planet. Видеото, е дел од специјалната секција наречена „Daydreaming during Covid” преку која се инспирира милионската публика од цел свет да посети различни дестинации, вклучително и нашата земја.

Видеото е подготвено во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка. Со него, земјава прв пат се појавува со самостојна објава на престижниот Lonely Planet. До сега, неколку пати сме биле дел од неговите едиторијали и топ-листи заедно со други дестинации од регионот и пошироко.

Во видео материјалот акцентот е ставен на природата, планините, водата, адреналински истражувања, храната, историски знаменитости, етно амбиент.

Видеото преставува целина од 10 промотивни видео спотови кои беа објавени во кампањата „Дома си е дома“претставувајќи 10 туристички дестинации со конкретни активности и производи како дел од активниот туризам (планинарење, велосипедизам, спортско качување, параглајдинг итн.), во комбинација со културни искуства, рурални предели и гастрономија.

Пред само неколку месеци, РС Македонија беше избрана за топ 3 дестинација во групата од 10 земји кои треба да се посетат оваа 2020 година: https://www.lonelyplanet.com/video/top-10-countries-to-visit-in-2020/v/vid/1177?tag=bit2020.

Lonely Planet во тоаа видео порака нашата земја ја истакнува како дестинација каде преовладува реномирана храна, земја со обновени авио линии, можности за истражување, уживање во недопрената природа, високи врвови.

 

 

Даниела Михајловска Василевска
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија