Во услови кога светот се справува со една од најголемите пандемии што досега се појавиле во човештвото, Шпаркасе Банка Македонија воведе нов канал за директна комуникација со своите нови и постојни клиенти преку официјален Viber Chat асистент „Sparky“. Како една од мерките за поголема заштита на граѓаните од евентуално заразување и ширење на коронавирусот ковид-19, Банката ја разви оваа алатка со која го олесни начинот на комуникација со нашите вработени. Апликацијата Viber, која е една од најомилените апликации во секојдневието на нашите сограѓани, сега им овозможува на едноставен начин преку „четување“ и без посета во експозитурите да ги добијат потребните информации за производите и за услугите што им се потребни, да поднесат онлајн барање, да закажат онлајн состанок или, пак, да постават прашање.