Македонските фотоволтаични модули кои ги препозна светот - Како за две години ПиКСЕЛ стана една од најбрзорастечките компании во земјава
👁 Прочитано: 12449



Македонските фотоволтаични модули кои ги препозна светот - Како за две години ПиКСЕЛ стана една од најбрзорастечките компании во земјава

Димитар Ковачевски, косопственик на ПИКСЕЛ ГРОУП

Македонија е една од земјите во светот која заедно со Калифорнија во САД ги има најдобрите услови за производство на електрична енергија од сонцето – поради бројот на сончеви денови, нивото на сончева радијација и надморската височина кои играат улога во ефикасноста на соларните централи. Впрочем не случајно ние сме земја на сонцето.
Енергетските инвестиции во принцип се скапи, но на долг рок се најмногу исплатливи. Цената на струјата во изминативе 15 години е во постојан раст, не само кај нас, туку и на глобално ниво. Последните години кај нас речиси секоја година се зголемуваше од 10 до 16 отсто на годишно ниво, па секоја инвестиција за поставување фотоволтаичен систем за сопствени потреби значи инвестиција во производство на сопствена енергија, која се заменува со енергијата што би ја купиле од снабдувачот.

Тоа значи дека фотоволтаичните системи се најдоброто решение за сите компании кои што работат преку ден, што се поклопува со дневната анвелопа на сонцето. Тогаш има идеално искористување на ваквиот систем, па тие инвестиции имаат релативно брз поврат од пет до шест години. Дури и во најпесимистичките сценарија, повратот на инвестицијата од ваков вид не е подолг од седум до седум ипол години, што за енергетски проекти се води како многу разумен и исплатлив. Во однос на законската регулатива се направија промени кои направија позитивен исчекор во оваа област, но факт е дека Правилникот кој што ја регулира оваа проблематика, освен што ги проби сите рокови за негово донесување, не ги преточи во пракса вистинските потреби, туку креираше ограничувања. Доколку сакаме максимално да го искористиме она што најмногу го имаме, а тоа е сонцето, треба да се направат промени во однос на овозможување на домаќинствата и компаниите без ограничувања и административни пречки да направат и да поврзат соларна централа на своите кровови.

Ова треба да биде императив за нашата земја. Во Бугарија има околу 1.200 MW инсталиран капацитет во ФВ системи, а оваа земја е само 3,5 пати поголема од Македонија. Во Грција до лани имаше 2.400 MW и се уште интензивно се гради, Албанија има околу 80 MW, а Македонија само скромни 30 MW.

ПиКСЕЛ во овие две години соработува со компании на двете страни од ланецот на снабдување. Се набавува од најдобрите светски производители на соларни ќелии и останати материјали и компоненти неопходни за производство на финални производи со врвен квалитет. Меѓу нив и Lightway, една од најголемите компании за производство на соларни ќелии според рангирањето на Bloomberg, како и компаниите LUX S.L.R од Италија, Dunmore Europe GmbH, Vistasolar од Германија кои се водечки светски компании за производство на материјали за ФВ панели.

Стратешки партнер е и компанијата Just Solar од Шангај, која е една од водечките светски компании во оваа индустрија. Преку неа ПиКСЕЛ има лесен и постојан пристап до најновите технологии, машини и материјали. А панелите с епродаваат не само дома, туку и надвор. Кофрисници се Витаминка, Макпрогрес, Макс, Фудбалска Федерација на Македонија, АгроГама, Мактоис, Фротирка, Палтекс, Алпинком, Европа 92, АБМГ, Фикопласт, Биросеф и многу други кои произведуваат електрична енергија преку панелите произведени во ПиКСЕЛ Груп. Значаен е и проектот финансиран од Светска банка за поставување на ФВ системи на 104 училишта во помалку развиените подрачја во државата. За само три месеци испорачани се и монтирани 1,8 MW ФВ панели, произведени во ПиКСЕЛ, во 34 општини во Македонија.

Можеме да се пофалиме дека во изминатиот период  во нашата земја се инсталирани и пуштени во употреба соларни централи со моќност над 10 MW произведени во нашата фабрика што е 50% од досегашниот вкупен во сите изминати години инсталиран капацитет во земјата. Во однос на странските пазари, преку нашиот партнер Energize, водечка компанија за инсталација на соларни енергетски системи во Србија, веќе испорачавме панели кои се инсталирани кај српски инеститори, а ПиКСЕЛ панелите може да се купат и преку нашите застапници во Албанија, Романија, Косово, Бугарија и други земји. Истовремено Suncell од Швајцарија, компанија за имплементација на BAPV и BIPV системи и уникатни разнобојни ФВ панели наменети за швајцарскиот и пазарот на ЕУ одлучи развојот и производството на своите нови производи да го довери на ПиКСЕЛ.

Целото интервју на Фактор.мк на следниот линк https://faktor.mk/kako-za-dve-godini-piksel-stana-edna-od-najbrzorastechkite-kompanii-vo-zemjava-makedonskite-fotovoltaichni-moduli-koi-gi-prepozna-svetot-