ПОЧНАА ДА РАБОТАТ ПАЗАРИТЕ ВО КУМАНОВО
👁 Прочитано: 2388



ПОЧНАА ДА РАБОТАТ ПАЗАРИТЕ ВО КУМАНОВО

Двата пазара во Куманово денеска почнаа да работат,  информираа од јавното претпријатие „Пазаришта“. Тие се лоцирани на булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“ и ќе работат од понеделник до петок од 8 до 16 часот.

-После секој работен ден пазарите ќе се дезинфицираат. Остануваат сите препораки на Владата, Министерството за здравство и на Кризниот штаб на Куманово. Задолжителни се маски, ракавици, дезинфекциски средства, дистанца од два метра, изјави Илир Саити, директор на претпријатието.

Од ЈП „Пазаришта“ се подготвуваат и за отворање на добиточниот пазар во село Којнаре кој традиционално работи во сабота. Таму ќе се следат сите насоки од Владата и од  Агенцијата за храна и ветеринарство.

Кризниот штаб вчера информираше дека претпријатието побарало отворање на пазарите, по што  и препорача на општината да почне со работа реонскиот и зелениот пазар и да се почитуваат сите мерки за заштита од коронавирусот. 

Превземено од: МИА.МК