ПЕЧАТНИЦАТА КИРО Д. ДАНДАРО ОД БИТОЛА СО ДОНАЦИЈА ОД 200.000 ДЕНАРИ НАМЕНЕТА ЗА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА БИТОЛА
➢ ОД КОМПАНИИТЕ (01.04.2020)
👁 Прочитано: 808



ПЕЧАТНИЦАТА КИРО Д. ДАНДАРО ОД БИТОЛА  СО ДОНАЦИЈА ОД 200.000 ДЕНАРИ НАМЕНЕТА ЗА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА БИТОЛА

Со цел да им помогне на здравствените работници во справувањето со кризата предизвикана од коронавирусот Covid –19, печатницата Киро Д. Дандаро од Битола  обезбеди парична донација во износ 200.000 денари за потребите на Клиничката болница Битола во заштитни маски, ракавици и други дезинфекциони средства според спецификацијата добиена од болницата за потребните материјали. Ова преставува   уште еден показател за важноста и значењето на поддршката во услови кога бројот на нови случаи на заболени од Covid 19 се зголемува од ден на ден.

Како многу пати досега во својата богата историја, така и денес, печатницата Киро. Д. Дандаро од Битола и нејзиниот менаџмент на чело со генералниот директор г-дин Драги Милошевски, ја покажаа својата општествена одговорност со цел помош и поддршка за побрзо и поуспешно справување со новонастанатата ситуација.  Ова е  еден од начините  преку одговорното однесување да покажат дека здравјето на нивните сограѓани е пред сè.

Имено, како резултат на својата богата историја во производство на високо–квалитетен печат, и денес, во вонредни услови, Печатницата работи непрекинато за потребите на македонските  компании, но и навремено, да одговори на добиените нарачки од многу други држави.

Печатницата Киро. Д. Дандаро ја претставува Графичката индустрија во Републиката. Работејќи според современите принципи на работење на територијата на повеќе балкански и светски држави,
Печатницата ја воспостави и одржува својата долгорочна цел, а тоа е -задржување на лидерската позиција на пазарот, свесно и одговорно однесување, како и професионален однос кон потрошувачите.

Валентина Цветковска

Служба за информирање при Комората