ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН ЗЕЛЕНИТЕ КОРИДОРИ НА ЕУ И БЕЗХАРТИЕНОТО РАБОТЕЊЕ

   

👁 Прочитано: 2433


ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН ЗЕЛЕНИТЕ КОРИДОРИ НА ЕУ И БЕЗХАРТИЕНОТО РАБОТЕЊЕ

м-р Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа на РСМ

-  20-те најголеми извозни компании од РСМ имаат најголем удел во извозот на земјата и ние како Царина се заложуваме за што поефикасен проток на стоки  преку ослободување на коридорите за снабдување  со репроматеријали за непречено работење. Токму транспортните проблеми се во фокусот на Царинската Управа. Ги следиме случувањата и на ниво на ЕУ и ЦЕФТА и се координираме, со цел да се постави зелен коридор и низ земјите од Западен Балкан, за непречен проток на медицински и прехранбени производи, но и репроматеријали потребни за целата индустријата. Се координираме со царинските управи од земјите во регионот, обврзувајќи се за непречено функционирање на компаниите. Ги охрабруваме компаниите да го користат системот за безхартиено работење што е можно повеќе. Безхартиеното работење на компаниите им овозможува полесно обезбедување на потребните документи за извоз, избегнување на директен контакт на царините и зголемување на протокот на стоки. Моменталната пракса покажува дека 95% од безхартиениот извоз поминува без никакви пречки. За сите дополнителни прашања, Царинската управа им останува на располагање на компаниите на бројот 197 којшто е во постојана функција.