Коморскиот инвестициски форум, во соработка со шесте комори од регионот на Западен Балкан (Стопанската комора на Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово), заради обезбедување ажурирани и навремени информации релевантни за компаниите од подрачјето на Западен Балкан, на веб-страницата https://www.wb6cif.eu/, Коморскиот инвестициски форум ги обезбедува следните информации:
• Општи информации со лица за контакт во Коморите-основачи на Коморскиот инвестициски форум и релевантни информации за коронавирус COVID-19 во државите од регионот на Западен Балкан - https://www.wb6cif.eu/covid-19/. Преку лизгачот прикажан на почетната страница https://www.wb6cif.eu/, можете да пристапите, од едно место, на веб-страниците на нашите стопански комори на членки кои содржат ажурирања и новости релевантни за компаниите за време на појавата на COVID-19
• Новости за транспорт, вклучувајќи и мерки предложени од Европската комисија и транспортни организации, како и оперативни информации во врска со моменталната состојба на граничните премини (ажурирани двапати на ден) - https://www.wb6cif.eu/covid-19/transport-news/
• Информации за одлуки, заклучоци и препораки усвоени од Владите во државите од регионот на Западен Балкан - https://www.wb6cif.eu/covid-19/governments-decisions/
• Релевантни документи поврзани со коронавирусот COVID-19 од меѓународните организации - https://www.wb6cif.eu/covid-19/covid-19-response-by-international- organizations/
• Информации за усвоени акти од Европската Унија, поврзани со справувањето со коронавирусот COVID-19 - https://www.wb6cif.eu/signal/
• Корисни линкови со дополнителни документи, студии и вести за COVID-19 - https://www.wb6cif.eu/covid-19/usukur-links/
Коморскиот инвестициски форум продолжува активно да работи на преземање мерки за ефикасно справување со последиците предизвикани од ширењето на коронавирусот. Размената на информации се одвива на дневно ниво, а продолжуваат активностите во соработка со Европската комисија, Секретаријатот на ЦЕФТА, Регионалниот совет за соработка и Транспортната заедница, во однос на проширувањето на иницијативата за европските „зелени коридори“ на подрачјето на Западен Балкан, и нивно поврзување со коридорите во ЕУ.