СЕМОС ЕДУКАЦИЈА ЌЕ ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТНА ONLINE ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИ

СЕМОС ЕДУКАЦИЈА ЌЕ ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТНА ONLINE ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИ

Семос Едукација, како општествено одговорна компанија, ќе организира бесплатна online обука за 1.250 наставници од основно и средно образование за користење на алатки кои ќе им помогнат во реализација на нивната online настава.

Предвидено е од секое училиште да бидат обучени по двајца наставници кои понатаму ќе ги обучат своите колеги за спроведување на online настава. За таа цел формиран е и проектен тим од Семос Едукација, тимот забрзано работи на креирање на наставна програма за која веќе имаме спремни 5 модули.

Во очекување се на насоки од МОН за понатамошна реализација на овој проект.
Ќе го споделат своето искуство за online настава, така и своите знаења за соодветните алатки кои можат да се користат во наставата. На тој начин се надеваат дека ќе им помогнат и на наставниците и на учениците и ќе дадат придонес кон квалитетна реализација на една од најважните општествени активности – воспитно образовниот процес.

Служба за информирање при Комората