ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ – КОНКУРЕНТСКА ПРЕДНОСТ НА КОМПАНИЈАТА

ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ – КОНКУРЕНТСКА ПРЕДНОСТ НА КОМПАНИЈАТА

Вработените се најважниот ресурс со кој располага компанијата – тие се конкурентската предност на компанијата. Ако сакате да го привлечете и задржите најдоброто, инвестирајте во нив, охрабрете ги и поттикнете ги да се чувствуваат дека се составен дел од мисијата на компанијата рекла , Ане Мулкахи, извршен директор на „Xerox“. Ваквата парадигма говори многу за стратешките определби на компаниите и нивната долгорочна визија за раст и развој на компанијата, следен со инвестирање во знаењето на вработените. И покрај технолошкиот развој и трансформација на работните процеси, значењето на човечките ресурси како важен фактор на продуктивност во компанијата се` уште има големо значење.

Изминатата недела Центарот за едукација и развој на човечки ресурси (2-6.3.2020 година) реализира семинар на тема: „Новиот Закон за инспекциски надзор и начин на имплементирање во безбедноста и здравјето при работа“ водени од потребата за информирање на компаниите за новите законски измени и новиот Правилник кој ја регулира висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа, во насока на усогласување со одредбите на Законот за безбедност и здравје при работа.

Што следува?

... Семинарите за оваа недела ќе дадат одговор на различни таргет групи за прашања кои се однесуваат на нивното работење од областа на законската регулатива; правила со кои се уредува меѓународната трговија; но и меки вештини потребни за унапредување и поефикасно завршување на работните активности, со цел градење квалитетен кадар во нашите компании.

За повеќе информации од областа на едукативните настани можете да се информирате на овој линк .

Михајло Донев

Михајло Донев
соработник во Стопанска комора на Македонија