NLB и официјално ја купува најголемата српска државна банка

   

Вести / 25.02.2020
👁 Прочитано: 535


NLB и официјално ја купува најголемата српска државна банка

Словенечката Нова љубљанска банка (NLB) и официјално ја купува најголемата српска државна банка, Комерцијална банка, пишуваат српските медиуми, цитирани од Бизнис Инфо.

Државата одлучила да ја прифати понудата на NLB којашто за купување на 83,23% од акциите на Комерцијална банка понудила 450 милиони евра.

Тоа била и најдобра обврзувачка понуда на заинтересираните купувачи од три коишто стигнале на адресата на српското Министерство за финансии кон крајот на минатата година. Тогаш почнаа официјалните преговори околу приватизацијата.

Комерцијална банка минатата година оствари профит од над 70 милиони евра.

Најголемата државна банка во Србија има повеќе од 200 филијали и експозитури.