КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

   

👁 Прочитано: 264


КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

ТРИ ТОП ВЕСТИ

- Свет – „Црн понеделник“ на светските берзи. Забрана за тргување на Њујоршка берза, по најлошиот ден од финансиската криза во 2008 година.

- Македонија / Комора – Управниот Одбор на КИФ ќе одржи седница во Стопанската комора на Македонија.


П.С. Ги очекуваме вашите иницијативи, дилеми, предлози.

 


 

http://www.mchamber.mk/upload/98mk-4.png

- Во рубриката ПОРАКА ОД, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, пишува за успешната приказна на „Комфи Ангел“ и за улогата на г-ѓа Ирена Јакимовска во сопствената компанија, но и во делувањето во коморскиот систем. Не помалку важен е и бенефитот на „Комфи Ангел“ од членството и вмрежувањето преку најстарата и најмоќна бизнис асоциација.

- АКТУЕЛНИ вести од тековни настани што имаат значење за деловниот амбиент. Акцент ставаме на презентацијата на „Анализата на трговските односи и договорот за трговска соработка помеѓу РС Македонија и Обединетото Кралство“, подготвена преку Секретаријатот за европски прашања, пред четирите најголеми стопански комори во рамки на Проектот на УСАИД „За подобра бизнис-регулатива“.

- ОД КОМПАНИИТЕ, за новиот прв човек на „Бетон“ АД - Скопје.

- ЕДУКАЦИЈА И РАЗВОЈ нуди информации за ефектите и бенефитот од реализираните едукативни настани во Комората и предлог на кои едукативни теми работи тимот во Комората неделава.

- Рубриката ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ, нуди повеќе информции за домашни компании-членки и нивните предизвици во работата.

- Од УМЕТНИЧКАТА РИЗНИЦА НА КОМОРАТА, анализа на уште едно вредно уметничко дело од сопствената колекција.

Стопанската комора на Македонија има една цел - стабилен деловен амбиент, со цел компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајниот резултат е РАЗВОЈ. А развојот носи напредок.

Постоиме за вас!