ИТАЛИЈА ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО ИНДУСТРИЈАЛИЗАЦИЈАТА

   

👁 Прочитано: 1184


ИТАЛИЈА ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО ИНДУСТРИЈАЛИЗАЦИЈАТА

Партнерскиот однос со Италија ни е потребен, не само затоа што Италија е многу интересна за нас, туку и како партнер за настап на трети пазари. Но, тоа што е особено значајно, е дека оваа медитеранска земја сите овие години била водечка држава, и по идеја, и по концепт.

Таа е трета економска сила во Европа. Осма економска сила според БДП во светот. Во исто време, е земјата иницијатор за основање на повеќе значајни меѓународни организации, институции, кои за нас се таргет каде сакаме да идеме. Италија е еден од основачите на Европската Унија, на идејата за еврозоната, на ОЕЦД, Г7, Г20. Во таа позиција, Италија, може многу да ни помогне ако не земе како свој генерален партнер.

Ова можеби изгледа амбизиозно и без основа, но цениме дека треба да се поттикне амбицијата, да создадеме нова енергија во делот на градење центар за повлекување на знаењата и искуствата од земјите партнери и да пробаме македонската креативна сила да ја насочиме на домашен терен. Ова, од аспект на фактот, дека не е мал бројот на луѓе кои од Македонија заминаа и завршија во најелитните светски дизајнерски студија, а сега во земјата ги немаме базичните услови за изработка на еден прототип за еден обичен предмет.

Тоа се сериозни хендикепи, кои нашата индустрија веќе долго време ги има и неможе да се извлече од нив како некоја фабричка мана.

Штом почнете да имате амбиција да правите призводство со повисока додадена вредност се наоѓате во дефанзива, тоа треба да го развиете и произведете некаде надвор од државата, и веќе тоа не е ваш производ, станува интернационално достапен, кој тешко можете да го контролирате.

Италија е еден од главните инвеститори во РС Македонија со 130 активни компании со италијански капитал и инвестиции од 122,7 милиони евра, во 2018 година, а за трите квартали од 2019 година, инвестициите изнесуваат 11 милиони евра. Бројките не се незабележителни и се надевам дека оваа позитивна клима што ја правиме во државава ќе биде позитивен сигнал, па ако ништо друго да научиме од тоа, како една Италија, која беше доминантно земјоделска земја по втортата светска војна, се претвори во една од водечките индустриски сили во Европа и една од водечките сили која ни покажува како за помалку од 50-тина години тотално ја реогранизираше својата економија и ја постави на толку високо место. Италија почнува од исклучително ниска позиција, веднаш после војната со земјоделски профил, а денес стигнува до 8-мото место во светот. Блискоста по менталитет, овозможува да научиме, како луѓето во земјата поминале низ сите тие премрежја.