КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

   

👁 Прочитано: 264


КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

ТРИ ТОП ВЕСТИ

- Свет – „Црн понеделник“ на светските берзи. Забрана за тргување на Њујоршка берза, по најлошиот ден од финансиската криза во 2008 година.

- Македонија / Комора – Управниот Одбор на КИФ ќе одржи седница во Стопанската комора на Македонија.


П.С. Ги очекуваме вашите иницијативи, дилеми, предлози.

 


 

http://www.mchamber.mk/upload/98mk-4.png

- Во рубриката ПОРАКА ОД, м-р Зоран Јовановски пишува за ризиците кои стојат пред земјите-кандидати согласно НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА НА ЕУ ЗА ПРЕГОВОРИ дефинирани во три поенти:

  • Ако нема сериозен пристап во бараните реформи влезот во ЕУ може да остане само желба.
  • Секоја земја-членка на ЕУ може да побара отворање на поглавје кое се смета за затворено ако се покаже дека прогресот кај потребните реформи не е доволен или работите се влошиле дополнително.
  • Поединечните земји-членки на ЕУ можат да испраќаат свои експерти, паралелно со оние од Европската комисија, кои може да предложат запирање на преговорите со земјата-кандидат.

- Во ПОРАКА ОД ЕСНАФОТ… Претседателот на Клубот на извозници при Стопанската комора на Македонија говори за перспективата на кондиторската индустрија и за начините како да се освојат пазарите на Блискиот Исток и земјите од МАГРЕБ.

- Колегите од Комората реализираа повеќе посети изминативе денови. За нивното работење, проблемите, предизвиците, ќе информираме во рубриката ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ.

 

 Стопанската комора на Македонија има една цел -  стабилен деловен амбиент, со цел компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајниот резултат е  РАЗВОЈ. А развојот носи напредок.

Постоиме за вас!