Спој на луксуз и економичност е формулата на препознатливите Мебел „НИКОВ“

   

👁 Прочитано: 369


Спој на луксуз и економичност е формулата на препознатливите  Мебел „НИКОВ“

Струмичката компанија за мебел „НИКОВ“ е уште една од членките на Стопанската комора на Македонија која веќе две децении професионално и одговорно произведува и проектира секаков вид ентериери соединувајќи ги луксузот и економичноста како формула за својот препознатлив стил.

Основана е во 1991 година во Струмица, трансформирајќи се од маалска во модерна корпорација во пресрет на новите стандарди за квалитет и естетика. Од компанијата велат дека во моментов работат со сопствен производствен погон и два изложбени салона во Струмица и во Скопје, каде се регрутирани екипа специјалисти одговорни за обработка и крајниот изглед на мебелот.

Готовите производи се изложуваат и во бројни изложбени салони во земјата и надвор, а соработка со реномирани имиња од дрвопреработувачката област е уште една потврда за високото ниво на работа во „НИКОВ“.

Производствената линија на компанијата покрива широк спектар на мек мебел, кујни, спални и детски гарнитури и разни комоди и секции од масивно дрво со и без резба. Од компанијата велат дека покрај веќе постојните понуди, примамлива е и можноста за изработка на мебел по порачка со единствена цел -  задоволување на желбите и потребите на клиентите.

Спој на луксуз и економичност е формулата на препознатливите  Мебел „НИКОВ“ Спој на луксуз и економичност е формулата на препознатливите  Мебел „НИКОВ“

Врз таа разновидност на парчиња мебел, видлив е беспрекорниот дизајн кој е во согласност со најмодерните трендови и во чекор со сите новитети наспроти покласичните модели како репер за традиција.

Ова искомбинирано со грижливо избраниот квалитетен материјал резултира со бројните признанија што „НИКОВ“ ги има добиено и на саемите за мебел во земјата и во странство на кои редовно учествува во трка за челното место.

Ирина Георгиева