ОКРУПНУВАЊЕ ИЛИ ЗДРУЖУВАЊЕ ЗА ПОГОЛЕМ ИЗВОЗОТ НА ПРОИЗВОДИ ОД ДРВНАТА И ГРАФИЧКАТА ДЕЈНОСТ
➢ Актуелно (29.01.2020)
👁 Прочитано: 987



ОКРУПНУВАЊЕ ИЛИ ЗДРУЖУВАЊЕ ЗА ПОГОЛЕМ ИЗВОЗОТ НА ПРОИЗВОДИ ОД ДРВНАТА И ГРАФИЧКАТА ДЕЈНОСТ

Дваесет и три производи од дрвната и графичката индустрија и од производството  на мебел имаат компаративна предност за извоз, покажува Анализата на Стопанската комора на Македонија за идентификација на развојните можности за извозна диверзификација со фокус на наведените дејности. Од оваа бројка, 17 производи се мапирани како стратешки извозни производи во индустријата за дрво, мебел и  графичката индустрија.

Анализата покажува дека вкупниот извоз на мебел, на дрвната и графичката индустрија на годишно ниво е 51,4 милиони евра, со незначително процентуално учество во вкупната извозна структура од само 0,89%. Токму поради тоа, а согласно потенцијалите и компаративните предности на македонските производи, Анализата упатува на фактот дека е неминовно окрупнување или здружување на компаниите, за заеднички настап на странските пазари и поттикнување на извозните активности.

Главната причина и мотив на истражувањето за идентификација на развојните можности за извозна диверзификација. како што истакна проф. д-р Дарко Лазаров пред компаниите од дрвната и графичката индустрија и издавачката дејност присутни на состанокот во Стопанската комора на Македонија е ниското ниво на индустријализација во државава. Податоците покажуваат дека учеството на преработувачката индустрија во БДП е 12% наспроти некои развиени земји од ЦИЕ каде е повеќе од 20%. Извозните перформанси се лоши, со извоз по глава на жител од 3100 евра наспроти некои развиени земји од ЦИЕ каде се движи од 15.000 до 20.000 евра, а има и неповолна извозна структура.

ОКРУПНУВАЊЕ ИЛИ ЗДРУЖУВАЊЕ ЗА ПОГОЛЕМ ИЗВОЗОТ НА ПРОИЗВОДИ ОД ДРВНАТА И ГРАФИЧКАТА ДЕЈНОСТКрајната цел на Анализата е да се обезбеди корисна основа за градење нова извозна стратегија и стручна аналитичка поддршка на компаниите-членки на Комората во градење извозна конкурентност. Преку оваа анализа беа и мапирани стратешки извозни производи во индустријата за дрво, мебел и графичката дејност.

ОКРУПНУВАЊЕ ИЛИ ЗДРУЖУВАЊЕ ЗА ПОГОЛЕМ ИЗВОЗОТ НА ПРОИЗВОДИ ОД ДРВНАТА И ГРАФИЧКАТА ДЕЈНОСТИнаку, компаниите од дрвната и графичката индустрија и издавачката дејност одржаа Конститутивна седница на новоформираното Здружение во Комората, на која се утврдија активностите за работа, беа усвоени и Предлог-правилата за организацијата и начинот на работа на Здружението. Членките дискутираа и за актуелните состојби и проблеми во работењето на компаниите, со посебен осврт на дефинирањето на приоритетите за делување во 2020 година.

Валентина Цветковска

Валентина Цветковска
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија