КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!
👁 Прочитано: 524



КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

- Во рубрика која ја креиравме за вас КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ очекуваме да ги посочите вашите проблеми, да сугерирате и иницирате активности.

- ПОРАКА ОД... м-р Зоран Јовановски пишува за членството во НАТО и финансиските трошоци за потребите на одбраната.

- Во АКТУЕЛНО, за примената на новиот Закон за акцизите за кој засегнати компании во Комората имаа работна средба со највисокото раководство на Царинската управа. За фирмите е важно како ќе може да ги користат акцизните ослободувања за енергентите и електричната енергија кога истите се користат во минералошки процеси пропишани во Законот.

- Царинската управа го одбележа и светскиот ден на Царината, со дефинирање на фокусот за следниот период да придонесе во создавањето на стабилно и предвидливо деловно опкружување, повеќе да се посвети на заштита на животната средина и да ја има довербата на институциите и компаниите. По повод меѓународниот ден, додели Сертификати и признанија на поеќе директни и индиректни соработници. Стопанската комора на Македонија, доби Сертификат за давање на исклучителни услуги. Минатата година Комората беше домаќин на презентацијата „Паметни граници за беспрекорна трговија патувања и транспорт“.

- Во рубриката ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ, за новите вложувања и инвестиции во фирми членки на Комората.

- Како моделот на единствен прозорец ќе ја намали корупцијата и ќе ги забрза извозно-увозните постапки, анализа во рубриката ЦАРИНИ И ДАНОЦИ.

- Признанија, дозволи, сертификати. Во КОМПАНИИ ги одбележуваме успесите на нашите членки:

ü Двоен златен медал за новото премиум вино на Тиквеш во Хонг Конг, поголеми шанси за пласман во Кина.

ü Потврдени ЕУ сертификати за добра производна пракса на Алкалоид, како гаранција за производство на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови и производи за широка потрошувачка.

ü Пивара Скопје доби А-интегрирана еколошка дозвола од министерството за животна средина, потврда за сите вложувања во заштита на животната средина и гаранција дека целосно и во континуитет ќе продолжи да ги применува највисоките стандарди во сите сегменти на работење.

- Едукативниот центар на Комората, со новата понуда на семинари и работилници и за следниот месец - http://www.mchamber.org.mk/default.aspx?mid=5&lng=1

Стопанската комора на Македонија има една цел - стабилен деловен амбиент, за компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајнот резултат е РАЗВОЈ. А развојот носи напредок.

Постоиме за вас!