КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ !
👁 Прочитано: 322



КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ !

- Во рубрика која ја креиравме за вас КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ очекуваме да ги посочите вашите проблеми, да сугерирате и иницирате активности.

- За трите назначајни активности на кои Комората ќе стави акцент во следниот период преку Клубот на извозници, Советот на странски инвеститори и Арбитражата повеќе во рубриката ПОРАКА ОД... Поттикнување на извозните потенцијали, следење на современите техничко-технолошки трендови и практики кои ги носат странските инвеститори и брзо и ефикасно решавање на бизнис споровите, за поголема ефикасност во работењето.

- Во АКТУЕЛНО, информации за улогата на Стопанската комора на Македонија во поврзувањето на земјоделските фарми со средните стручни училишта за реализирање пракса и потенцијално профилирање на потребен стручен кадар.

- Иновативните производи на Раде Кончар ТЕП и капацитетот на оваа домашна извозно ориентирана компанија, дел од вестите во рубриката ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ.

- Светскиот економски форум ДАВОС го сместивме и во рубриката УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ.

- Во останатите рубрики, вести, содржини и информации од тековни и дневни бизнис активности.

- Едукативниот центар на Комората, нуди повеќе од 10 различни семинари, работилница - http://www.mchamber.org.mk/default.aspx?mid=5&lng=1

Стопанската комора на Македонија има една цел - стабилен деловен амбиент, за компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајнот резултат е РАЗВОЈ. А развојот носи напредок.

Постоиме за вас!