КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ !
👁 Прочитано: 366



КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ !

- Во рубрика која ја креиравме за вас КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ очекуваме да ги посочите вашите проблеми, да сугерирате и иницирате активности.

- Во рубриката ПОРАКА ОД.. со кои проблеми компаниите се соочуваат при реализирање на практичната настава кај учениците. Какви промени треба да се направат во Законот за стручно образование и кој закони треба да се хармонизираат. За потребата на надоместок за ученичката работа и за правото работодавците да се стекнат со финансиски, царински и даночни олеснувања.

- Во рубриката АКТУЕЛНО, за работната средба во Центрачниот регистар на Стопанската комора на Македонија и остататите 3 најголеми Стопански комори преку Платформата на јавно приватниот дијалог. Се разговараше за воспоставување систем на соработка за добивање на соодветни информации кои ќе помогнат во креирање на мерки според условите на пазарот и потребите на компаниите во насока на застапување и заштита на нивните интереси.

Стратуваше новиот портал Извоз.МК,. Главниот фокус на порталот, кој на едно место ги има информациите за пазарни трендови, анализи и истражувањa, е да им бидат од корист на компаниите кои веќе извезуваат производи и услуги или сакаат да ги направат почетните чекори за интернационализација на својот бизнис, но и да ги сподели успешните примери и добрите практики на македонските и странските извозни компании во градење на успешна извозна стратегија. Целтта на порталот е да ја зголеми свесноста на сите нивоа во општеството за важноста на извозот во насока на остварување на поголем економски раст и развој и за повисок животен стандард.

- Во останатите рубрики вести, содржини и информации од тековни и дневни бизнис активности.

- Едукативниот центар на Комората, нуди повеќе од 10 различни семинари, работилница - http://www.mchamber.org.mk/default.aspx?mid=5&lng=1

Стопанската комора на Македонија има една цел - стабилен деловен амбиент, за компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајнот резултат е РАЗВОЈ. А развојот носи напредок.

Постоиме за вас!