КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!
👁 Прочитано: 306



КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

- Посочите проблеми, сугерирајте и иницирајте активности. Во рубрика која ја креиравме за вас КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ.

- Во рубриката АКТУЕЛНО... за резултатите од компаративната анализа за потенцијалните можности за унапредување на стопанската соработка меѓу РС Македонија и Сојузна Република Германија, направена од Стопанската комора на Македонија http://www.mchamber.mk//upload/Germanija-mk.pdf во рамки на серијалот анализи за економскиот напредок на нашите клучни трговски партнери. На прес конференцијата пред медиумите учествуваше и Н.Е. Ото Граф, заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија во РС Македонија.

- Во рубриката ПОРАКА ОД.. м-р Анета Димовска пишува в о која насока треба да продолжи економската соработка со Германија, најголемиот трговски партнер на нашата земја и иницијатор на Берлинскиот процес чија улога е да поттикне економски позабрзан напредок на регионот, на патот кон одржлив развој и кон асоцијативното членство во ЕУ, ставајќи акцент на два предуслови.

- КИФ, што покажува студијата на Организацијата за економска соработка и развој (OECD), за напредокот на трговијата и инвестициите во економиите на Западен Балкан, за унапредување на извозните потенцијали и приближување на регионот на Западен Балкан кон ЕУ.

- од КОМПАНИИТЕ, А1 Македонија има нов извршен директор Методија Мирчев, на местото на Мислав Галер кој од 2017 година беше прв човек на оне.Вип.

- Во ФЕЉТОН, за анализата на тема Образование. Во петтото продолжение за суштинскиот проблем хаосот во законската поставеност. Во моментов постојат 20 закони и над 30 подзаконски акти кои го регулираат образованието. Истите не се хармонизирани, надлежностите помеѓу институции се преклопуваат, се фаворизира една во однос на друга институција.

- Едукативниот центар на Комората, активно работи на организација на поставените семинари и работилници за заинтересираните - http://www.mchamber.org.mk/default.aspx?mid=5&lng=1

Стопанската комора на Македонија има една цел - стабилен деловен амбиент, за компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајнот резултат е РАЗВОЈ. А развојот носи напредок.

Постоиме за вас!