КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!
👁 Прочитано: 347



КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

- Во рубрика која ја креиравме за вас КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ очекуваме да ги посочите вашите проблеми, да сугерирате и иницирате активности.

- Во рубриката ПОРАКА ОД.. претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески пишува за придобивките на компаниите од коморското вмрежување преку подобрување на квалитетот и квантитетот на работењето, на производите, зголемување на производството и асортиманот и зголемување на профитот. Во таа насока преку велешката фабрика СМЕЛТ ИНГ ДОО се потенцира улогата Стопанската комора на Македонија за вмрежување на домашните компании во синџирите на добавувачи на странските инвеститори во земјава. Прочитајте ја Пораката од претседателот Азески.

- Во рубриката АКТУЕЛНО, бизнис заедницата на средбата со лидерот на СДСМ порача дека од идната власт очекува да биде донесена национална развојна програма за 2020 – 2030 година во која ќе бидат конципирани сите нивни барања, како и растовареност од нови обврски се до членството на земјава во ЕУ. Што уште друго посочија бизнисмените присутни на средбата.....

- од КОМПАНИИТЕ, го пренесуваме интервјуто на првиот човек на Триглав осигурување дадено за порталот ФАКТОР и пораката што ја праќа извршниот директор Ѓорѓе Војнович за осигурителниот паар за оваа година воПОРАКА ОД ЕСНАФОТ. Секојдневно нудиме и други тековни вести од светот на економијата.

- Едукативниот центар на Комората, активно работи на организација на поставените семинари и работилници за заинтересираните - http://www.mchamber.org.mk/default.aspx?mid=5&lng=1

 

Стопанската комора на Македонија има една цел - стабилен деловен амбиент, за компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајнот резултат е РАЗВОЈ. А развојот носи напредок.

Постоиме за вас!