ОСИГУРИТЕЛНИОТ ПАЗАР ВО ЗЕМЈАТА ВО 2020-ТА ГОДИНА

   

👁 Прочитано: 951


ОСИГУРИТЕЛНИОТ ПАЗАР ВО ЗЕМЈАТА ВО 2020-ТА ГОДИНА

Ѓорѓе Војновиќ, претседател на Здружението на финансиски организации, во Стопанската комора на Македонија и главен извршен директор на  „Триглав осигурување“ АД – Скопје

Повеќето предизвици со кои се соочуваме во осигурителната индустрија доаѓаат од самиот пазар. Ниската економска моќ на населението и навиките на осигурување, т.е. перцепцијата дека осигурувањето е трошок, а не инвестиција, директно придонесуваат кон помала густина на осигурување во однос на регионот (80 евра по глава на жител во однос на просекот на ЕУ од 2.000 евра). Осигурителниот пазар има висока концентрација, компетитивен е и динамичен, што влијае на понудата, но и на самите компании. Постои можност за либерализација на пазарот на авто осигурувањето и зелена карта, што ќе има влијание врз целата осигурителна индустрија. Сепак, од друга страна, потенцијалот на пазарот е голем и постои континуиран позитивен тренд во сите сегменти.

Целото интервју на Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на „Триглав осигурување“ АД – Скопје преземено од порталот Фактор.мк во рубриката Компании на сајтот на комората