АЛБАНИЈА - ЦЕНТАР НА РЕГИОНАЛНИТЕ БИЗНИС АКТИВНОСТИ ВО УСЛОВИ НА СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ

   

👁 Прочитано: 5335


АЛБАНИЈА - ЦЕНТАР НА РЕГИОНАЛНИТЕ БИЗНИС АКТИВНОСТИ ВО УСЛОВИ НА СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ


Искрено сочувство за големите загуби

1.

Серијата земјотреси во Албанија ја наруши агендата на нашите активности. Прогласена како ЦЕФТА недела, во неа требаше да се одржи генералното собрание на АБК (Асоцијација на балканските комори), УО на КИФ (Коморски инвестициски форум), потпишување на договорот “Поддршка од ЕУ за Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан” како и низа активности, врзани со ЦЕФТА-Договорот. Беше предвидена и вечера, од мојот голем пријател, претседателот на Унијата на турските комори и стоковни берзи, Рифат Хисарџиклиолу. Земјотреси ги одложија сите овие активности, но упорните албански колеги, повторно ги актуелизираа за идната недела. Во меѓувреме пристигна и поканата на премиерот Рама, за време на одржувањето на Самиот за „Малиот Шенген“ закажан за 21 декември во Драч, да се организира и Бизнис форум на коморите од трите држави.

ПОДДРШКА НА ЕУ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

2.

Ваквиот сплет на околности, ќе ги „згусне“ нашите други активности и ќе биде потребен наш дополнителен ангажман. Почнуваме од денеска, со многу сериозна расправа за угостителството и туризмот, какви стратешки чекори треба да се преземат за да може економските ефекти од секторот да бидат поголеми и повидливи. Во среда заедно со премиерот Заев и Советот на странски инвеститори ќе расправаме за исклучително важното прашање, како што е увозот на работна сила, која станува се` поактуелна. Продолжуваме со седницата на Управниот одбор на Комората, на која ќе ја утврдиме програмата за работа за наредната година, а ќе се разгледаат прашањата врзани за нашите ставови околу имплементацијата на дуалното образование, националната стратегија за економски развој, соработката со Македонија 2025 итн... Набиената агенда продолжува и со посетата во 400-те компании во Македонија, која интензивно се одвива веќе месец и половина, следење на расправата околу донесувањето на буџетот, имплементацијата на концептот за минимална плата, субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата. Тука е и Барањето за намалување на 12 царински стапки што ќе ги поттикнат инвестициските активности во технолошките развојни зони кои, за волја на вистината, наредната година ќе се најдат на удар на кризата во автомобилската индустрија која ќе го намали производството за 9 процентни поени.

3.

На внатрешен план, продолжуваат активностите за имплементирање на новата стратегија за развој на Комората. Тоа значи ќе се направи темелна анализа на досега склучените договори за соработка кои обезбедуваат вмрежување на нашата институција со релевантните бизнис мрежи, со што ќе се зголеми нашата оперативност. Врз основа на таа анализа ќе се предложат и неколку институции со кои ќе се склучат договори за стратешко партнерство. Но нема да бидат запоставени ни поединците, што ќе претставува новина во нашето работење. Започнуваме со изработка и на планот за воведување Консалтинг, како поддршка за нашите членки. Извозот, пристапниот процес кон ЕУ, Арбитражата и медијацијата, обезбедувањето релевантни бизнис информации и документите кои се потребни за надворешното трговско работење, ќе бидат таргети за помош на компаниите.

Просто речено, во од подобро до вмрежување и што подобри консалтинг услуги за нашите членки.

 

ПОДДРШКА НА ЕУ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ НА ЗАПАДЕН БАЛКАНП.С. Нашиот сајт полека но сигурно станува сериозна локација за изнесување на ставовите на нашите експерти, менаџери и носители на функции во Комората. Новинарите многу почесто почнаа да преземаат текстови, ставови, мислења, кои се битни за креирање на економијата. На сите нив сакам да им честитам, зашто тие го градат новиот имиџ на Стопанската комора на Македонија и да ги поттикнам да продолжат во тој правец со уште поголем интензитет. Дека сериозно работиме на ново дизајнирање на сајтот и зголемување на неговата видливост оваа недела го добивме и првиот главен и одговорен уредник, нашата колешка Даниела Михајловска Василевска, која покрај одличното извршување на нејзините редовни работи задачи во неколкуте здруженија кои ги води, има желба и капацитет истото да го направи и со нашиот сајт. И` посакувам многу успех во тој правец.