МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ!

   

👁 Прочитано: 4826


МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ!

Светозар Јаневски, член на Советот на Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот одбор на Винарската визба „Тиквеш“

Учесник на САМИТОТ НА БИЗНИС ЛИДЕРИ од регионот со повеќе од 410 претприемачки (лидери од регионот) и претставници на меѓународните финансиски институции.

На 4 декември годинава во Белград се одржа С амитот на бизнис лидери од регионот. На панелот „Интернационална стратегија во чекор со развојот и иновациите“, на прашањето дали парите се единствен начин за мотивирање на вработените и каква стратегија треба да направат државите, односно и каква треба да биде улогата на бизнис секторот во тоа како да се спречи се` поголемата емиграција на младите од регионот, мојот одговор беше дека: клучниот проблем е тоа што земјите од нашиот регион не креираат вистински стратегии за развој . Сите предвидувања и развојни планови ги прават низ призмата на фискалната политика, не разбирајќи дека бројките не се стратегија и дека вистинската стратегија мора да понуди визија и решенија за пробл емите и предизвиците кои нѐ очекуваат во иднина.

Ние долги години бевме фокусирани на индустријализацијата и не препознавме дека вистинските можности се во земјоделството. Занемарувајќи го овој сегмент се доведовме во ситуација да немаме работна сила заинтересирана да се занимава со земјоделство. Не е завршена приватизацијата на земјоделското земјиште што ги отежнува вложувањата и тоа долго чекање да се заврши овој процес неминовно води кон поголеми проблеми. Втора работа е недостигот на квалификувана работна сила, предизвикан од различни долгорочни фактори, како што е стареењето на населението, внатрешните миграции од село во град, отселувањето во развиените земји, но и од фактот што долго време создававме само одреден тип кадри и сега, на пример, немаме агрономи. Ние сега бараме агрономи во Јужна Африка затоа што дури и да понудите плата од 3000 евра, никој од регионот не се јавува на конкурс.

Имаме млади луѓе кои имаат по 21 година и кои не сакаат да работат за плата од 350 евра, бидејќи европските земји се наоѓаат на само два часа лет со авион, а таму може да заработат многу повеќе, а денес така размислуваат помладите генерации. Иднината ќе покаже дали сме влијаеме на младите да останат да работат и да ја градат својата кариера во својата земја. Потребна е јасно дефинирана стратегија која во моментов ја нема ниту една од земјите во регионот, поради што е потребно интензивно да се работи на тоа.

Мора да се делува брзо и одлучно доколку сакаме да се ублажи проблемот со недостатокот на соодветен кадар, преку интензивни вложувања во модернизација, иновации и насочување на поддршката кон оние сектори, проекти и компании кои имаат потенцијал да остварат уште поголем успех и да ги повлечат напред и останатите.